Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовечен писател кој сонува да има љубовница полиглот, жена што ќе го разбира на сите јазици. Приказните на Макс и Елинор ќе се преплетат на најнеобичен начин кој открива низ што сè сме подготвени да поминеме во нашата потрага по љубов и задоволство.

Напишан како метафизички трилер кој балансира на границите на реалноста, романот „Љубовниците полиглоти“ го води читателот од една до друга загатка сè до последните страници на кои одеднаш се спојуваат сите нишки на приказната. За овој роман Лина Волф во 2016 година го добива најпрестижното шведско признание за книжевност, наградата „Аугуст“.

„Необичен и провокативен роман кој сосем заслужено може да се вброи во канонот на современата феминистичка литература.“ - Гардијан

„Длабоко ироничен и остар, ‘Љубовниците полиглоти’ е роман кој го преиспитува концептот за уметничката генијалност и допира некои од најгорливите проблеми на времето во кое живееме.“ - Буклист

„Инспирирана од Уелбек, Лина Волф ја портретира женската перспектива на нашата современа бездушност и нарцисоидност.“ - Волстрит џурнал

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Љубовниците полиглоти

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Лина Волф
  • Достапност: На залиха
  • 370 ден


Слични продукти

Соништата на татко ми

Необичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуб..

Автор:

290 ден

Вегетаријанка

Во „Вегетаријанка“, роман награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, низ три приказни ја сл..

Автор:

330 ден

Човекот од високиот замок

Човекот во високиот замок е заслепувачки спекулативен роман според кој е направена истоимената попул..

Автор:

450 ден

Како да станеш фриленс артист

Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку как..

Автор:

450 ден

Ознаки: ljubovnicite poligloti, lina volf