Раскази за лудилото? Зар може да се каже нешто ново за лудилото по Едгар Алан По, Е. Т. А. Хофман, Лотреамон, по лудилото на Хамлет или лудилото на Дон Кихот?

Венко Андоновски, во циклусите раскази „Фрески“ и „Иконки“, ни ги покажува познатите, благородни форми на лудилото: лудилото на љубовта и лудилото на генијалноста. Тие се форми на класичното лудило на недостигот, кои покажуваат дека недостигот, кој обично се замислува како „празнотија во душата“, всушност е најбогатото чувство на човекот: недостигот е максимална исполнетост на битието со копнеж. Хамлет копнееше по вистината и одмаздата, Дон Кихот по еден нов херојски свет...

Но во циклусот „Карикатури и гротески“, ликовите полудуваат во мигот кога го губат недостигот, што значи го губат и копнежот, кој го заменуваат со потреба од копнеж. Тоа е лудило на празното полно, наместо класичното лудило, она на полното (со копнеж) празно. 

Припотомување на кучката е уште едно врвно дело кое го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите современи македонски раскажувачи.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Припитомување на кучката

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Венко Андоновски
  • Достапност: На залиха
  • 340 ден


Слични продукти

Улица Диши длабоко

Пријателе мојВо оваа книга ќе најдеш стихови кои навистина успеале да опстанат во ова време во кое и..

Автор:

300 ден

Толку долго патување

Густад Нобл е чесен човек, горд татко и добар сопруг кој сонува за безбеден живот во мирно соседство..

Автор:

350 ден

Мала книга за Мерилин

Нека блесне твојата внатрешна Мерилин!Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да..

Автор:

500 ден

Окултната магија на третиот рајх

Дали Хитлер бил навистина фирер, исклучителен лидер или бил само марионетка во рацете на таинствени ..

Автор:

200 ден

Ознаки: pripitomuvanje na kuckata, venko andonovski