Злото постои. Злото се движи меѓу нас. Злото раѓа нов ученик на ѓаволот во напнатиот трилер за детективката Рицоли и докторката Ајлс. Не е лесно да се објасни злото. Денес, по повеќе од две илјади години од пишувањето на „Книгата на Енох“, се уште не можеме да сфатиме зошто постои злото. Знаеме само дека постои.
PECCAVI - латински збор, напишан со крв на место на особено грозоморно злосторство: ГРЕШЕВ. Тоа е морничава божиќна честитка за бостонскиот патолог Мора Ајлс и детективката Џејн Рицоли, кои брзо ја поврзуваат жртвата со контроверзниот, славен психијатар Џојс О'Донел - професионална непријателка на Џејн и член на мистериозната фондација, наречена „Мефисто“.
Членовите на оваа фондација или клуб, што и да е, се посветени на анализата на злото. Дали науката може да го објасни? Дали има физички облик? Дали на Земјата има демони? Врз основа на мноштво мрачни историски податоци и таинствени религиозни симболи, тие се обидуваат да докажат страшна теорија: сатаната и неговите демони се всушност меѓу нас.
Со појавата на уште еден труп на прагот на „Мефисто“, јасно е дека некој или нешто демне во градот. Членовите на клубот почнуваат да се плашат од самиот предмет на нивните истраги. Дали овој манијакален убиец е еден од нив или ненамерно повикале некое зло од темнината? Додека се обидуваат да го решат најнеобичниот случај во нивната кариера, Мора и Џејн се вовлечени во застрашувачко патување во длабочините на злото, каде што наидуваат на монструозен непријател, поопасен од кој било со кој се соочиле... противник чии минати злосторства се само почеток.
Слични продукти
Ангели и демони
Професорот Роберт Ленгдон, прочуениот симболог од Харвард, е повикан од директорот на светски позн..
600 ден
Баскервилскиот пес
Кога сер Чарлс Баскервил ќе го најдат мртов во дворот од неговата куќа на село, забележливо е дека л..
350 ден
Се колнам
Трауматичното минато и кошмарите од детството ја поттикнаа Бри да стане најдобра детективка за убист..
480 ден
Непријателска намера
Ава Џексон стапила во војска веднаш по завршувањето средно училиште, но болеста на нејзината мајка ј..
510 ден
Ознаки: klubot mefisto, tes geritsen

