Телефонот го буди Карл Морк од утринската дремка во подрумот од полицискиот штаб. Повикот е од колега од Борнхолм, најисточниот дански остров. „На прва топка“ Карл го одбива случајот што му е понуден, но неколку часа подоцна слуша фрапантни вести и чувствува дека нема друг избор освен да го предводи одделението за нерешени случаи на островот и да ја открие вистината за смртта на преубавата средношколка Алберта.

Таа пред седумнаесет години исчезнала од училиштето, а потоа била пронајдена како виси на дрво крај патот. Истрагата ќе ги донесе до чуден култ и до неговиот харизматичен водач, човек што е необично привлечен за жените. Во лавиринтот од мистерии и лажни траги, Карл – со своето топло срце, неодоливиот хумор, лудото возење и со детективската интуиција – заедно со своите помошници Асад, Роуз и нововработениот Гордон, тргнува во потрага по убиецот, вешт манипулатор што одбива кој било и што било да му застанат на патот…

Бестселер-авторот, чии книги се продадени во милионски тиражи низ светот, добитник на многубројни престижни награди, Јуси Адлер-Олсен, е клучната фигура на скандинавскиот трилер.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Манипулант

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Јуси Адлер-Олсен
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден


Слични продукти

Мистерија

Тед Макеј има се: прекрасна сопруга, две ќерки и добро платена работа. Но, откако ќе открие дека има..

Автор:

420 ден

Дома пред да се стемни

Меги Холт е познато име за жителите на Вермонт – нејзиниот татко го прославил целото семејство со кн..

Автор:

450 ден

Девојката Смрт

Додека се враќа со воз во родното место, на Марија, главниот лик и раскажувач во романот, ѝ се нижат..

Автор:

350 ден

Инстинкт

Напната психолошка драма што се чита во еден здив, за создавање и за растурање на едно семејство — и..

Автор:

420 ден

Ознаки: manipulant, jusi adler-olsen