Таа, иако не беше Кинезинка, влезе во историјата на Кина. Нејзината мисија беше кинеските девојчиња од темнината да ги одведе во светлина.

Сан Франциско, 1895 година: дваесет и шестгодишната Доналдина Камерон пристигнува во кинески кварт во дом каде што се згрижени кинески девојчиња и веднаш добива задача да ги образува. По само неколку дена, таа открива дека работата е многу посложена и од самото образование. Сан Франциско има и темна страна, моќна подземна криминална група на чело со убавата Кинезинка, којашто е лидер во системот во кој некогаш и самата била жртва – подведува, продава и купува девојчиња. Таа гордо ја носи титулата ‘Кралица на подземјето’. Нејзините сојузници со лажни документи им овозможуваат влез на кинески девојчиња во земјата со многу бои, многу религии и можности и ги оставаат без личен легитимитет. Доли неуморно се бори за правдата на беспомошните деца и жени. Таа прави стратегии да ја запре трговијата со робови и проституција. Во придружба на полиција и кинески преведувач станува ангел на одмаздата – светлина во темнината на кинескиот кварт.

Од друга страна пак, една девојка по име Меи Лиен од Кина, мечтае за поубав живот во Америка. Таа е измамена дека ќе стане сопруга на богат Кинез и е продадена во живот исполнет со срам и очај. Тогаш стравот и надежта се судираат во нејзините гради, а предавството ѝ го крши срцето. И кога мисли дека нејзината иднина е завршена – од пукнатината на нејзиното срце ѕирка зрак светлина: таа го открива домот за заштита на беспомошни девојки кој ѝ дава повторно надеж за нова шанса живот.

Вистинска историска драма за Доналдина Камерон, која спаси над 3000 кинески девојчиња и влезе во историјата на Кина.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кинеската сопруга

  • 480 ден


Слични продукти

Убавицата од харемот

И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султано..

Автор:

470 ден

Париз за еден и други приказни

Број 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на „Јас пред тебе“, „После тебе“ и „Сè уште јас”...

Автор:

450 ден

Те набљудувам

Јас навистина не треба да ги прислушувам разговорите на другите луѓе. Но, невозможно е да не ги слуш..

Автор:

490 ден

Изгубените девојки во Париз

Од авторката на бестселерот Вагонот со сираци, нова исклучителна приказна за пријателството и храбро..

Автор:

450 ден

Ознаки: kineskata sopruga, heder mur