Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовечен писател кој сонува да има љубовница полиглот, жена што ќе го разбира на сите јазици. Приказните на Макс и Елинор ќе се преплетат на најнеобичен начин кој открива низ што сè сме подготвени да поминеме во нашата потрага по љубов и задоволство.

Напишан како метафизички трилер кој балансира на границите на реалноста, романот „Љубовниците полиглоти“ го води читателот од една до друга загатка сè до последните страници на кои одеднаш се спојуваат сите нишки на приказната. За овој роман Лина Волф во 2016 година го добива најпрестижното шведско признание за книжевност, наградата „Аугуст“.

„Необичен и провокативен роман кој сосем заслужено може да се вброи во канонот на современата феминистичка литература.“ - Гардијан

„Длабоко ироничен и остар, ‘Љубовниците полиглоти’ е роман кој го преиспитува концептот за уметничката генијалност и допира некои од најгорливите проблеми на времето во кое живееме.“ - Буклист

„Инспирирана од Уелбек, Лина Волф ја портретира женската перспектива на нашата современа бездушност и нарцисоидност.“ - Волстрит џурнал

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Љубовниците полиглоти

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Лина Волф
  • Достапност: На залиха
  • 370 ден


Слични продукти

Бунтовници

Еден избор може да те трансформира или може да те уништи. Но секој избор има последици, а додека во ..

Автор:

450 ден

Психопорно

„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.Како што кажува и сам..

Автор:

400 ден

Пофалба на маќеата

Овој разигран роман за љубовта и страста ќе ги зацрвени образите дури и на најтврдокорните либерали ..

Автор:

350 ден

Помогни ми

Асли Е. Перкер, авторката што на македонските читатели им е позната по романите „Гробот на џела..

Автор:

400 ден

Ознаки: ljubovnicite poligloti, lina volf