Јулија е господарка на сопствениот живот. Никој како неа не умее толку цврсто и разумно да ги држи конците на случувањата. Таа самата одлучува кога да забремени и на бременоста ѝ приоѓа со сета сериозност и деловна одговорност. Откако по неблагопријатниот тек на случувањата Јулија останува и без партнерот и без бебето, се решава да посвои дете. И тука навидум среќата ѝ се насмевнува: благодарение на способноста за преговарање успешно ја склучува зделката по која ја добива Агнес, новороденче од ромско потекло.

Од овој миг натаму доволно ќе биде да се согласуваат и Јулија ќе успее од Агнес да ја создаде Анешка, девојчето од мечтите, кое нема ништо заедничко со ромскиот народ. За да ѝ успее планот, Јулија ја смислува приказната дека Агнес има кубанско потекло, која потоа ќе им ја продава и на Агнес и на светот. И покрај сите усилби, Јулија постојано во Агнес ќе го препознава „повикот на крвта“. А можеби, сепак, „повикот на крвта“ е само плод на предрасудите на Јулија?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Агнес

  • Издавачка куќа: Муза
  • Автор: Викторие Ханишова
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Девојчето што го оставија зад себе

1941 г. Букурешт: една ледена јануарска ноќ, мало четиригодишно девојче седеше смрзнато на надворешн..

Автор:

345 ден 460 ден

Го сокрив мојот глас

Четиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост..

Автор:

224 ден 299 ден

Клучот на Сара

Париз, 1942 година: Сара, десетгодишна Еврејка, е брутално упасена од француската полиција, зае..

Автор:

338 ден 450 ден

Островот на пеликаните

Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр. Дејството ги следи с..

Автор:

300 ден 400 ден

Ознаки: agnes, viktorie hanisova