1996 е годината која менува сѐ за Меги. Кога на шеснаесет години ја праќаат да живее со тетка која едвај ја познава, во далечно гратче на брегот на Северна Каролина, не може да мисли на ништо друго, освен на пријателите и семејството кои ги остава зад себе… но тоа почнува да се менува кога го запознава Брајс Трикет, еден од малкуте тинејџери на островот. Прекрасен, искрен и полн со живот, Брајс ја запознава со многуте убавини на градот опкружен со плажи, но и со фотографирањето, страст која ќе го дефинира остатокот од нејзиниот живот.
До 2019 година, Меги веќе е познат фотограф. Таа има успешна галерија во Њујорк, но истовремено и многу патува на далечни места низ целиот свет. Но оваа година неочекувано останува дома за Божиќ, избезумена од страшна дијагноза. Бидејќи станува сѐ позависна од својот асистент, таа се зближува со него. Додека заедно ги одбројуваат последните денови од празниците, таа почнува да му раскажува приказна за еден друг Божиќ, од пред многу декади – и љубовта која ја насочила кон животот кој никогаш не можела ни да си го замисли...
Последна желба
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Николас Спаркс
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
-
- 1 или повеќе 440 ден
Слични продукти
Ќе се најдеме во Бомбај
Бомбај, новогодишната ноќ 1913 год. Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запу..
392 ден 490 ден
Од Луков со љубов
Љубов е кога некој ќе ве поттурне затоа што верува во вас кога и самите не верувате во себе.Ако неко..
473 ден 630 ден
Еден ден со тебе
Еден ден, пет животи, но чии срца ќе бидат скршени со завршувањето на ноќта?Денот за сите започна во..
368 ден 490 ден
Ознаки: posledna zelba, nikolas sparks
