Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да го сочува својот живот. А и што им преостанува на црнците качени на овој ужасен брод. Среде океан далеку од својот дом. Откако пристигнаа на копното, Амината ја продадоа на друг газда. Се раздели од момчето од соседното село со кое ги делеа нечовечните мигови на бродот. Ама и не е така важно. Она што сега е значајно е успешно да му служи на белиот Американец што сега ја поседува. Сепак Амината е непоколеблива и постојано ја следи желбата еден ден да се врати дома. Во Африка.

Моментот кога повторно го сретнува Чакура, момчето од бродот, засекогаш ќе и го промени животот. Сега веќе пораснати, заедно ќе се борат да го променат светот. За време на нејзиното долго страдање, таа прави сè што може да се ослободи себеси и останатите од ропство. Притоа ги учи да читаат, тие да ги поучуваат другите и да се спријателуваат со секој што може да им помогне, без разлика на бојата на кожата.

Инспиративна приказна за една силна жена, што ги доживува едни од најтешките услови за живот низ историјата. Вознемирувачки и длабок роман, напишан по вистинска приказна, по кој е снимена познатата телевизиска серија, што под наслов „Книгата на црнците“ се прикажуваше на Нетфликс.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Некој ми го знае името

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Лоренс Хил
  • Достапност: На залиха
  • 299 ден


Слични продукти

Париската ќерка

Приказна за две мајки кои ќе мора да донесат незамисливи одлуки пред налетот на нацистичката окупаци..

Автор:

520 ден

Животот е краток како сон

Рим, 1936 година. Алиса Крифорд, дописничка од Њујорк хералд трибјун, сведочи за триумфалното враќањ..

Автор:

500 ден

Запишано во ѕвездите

Мазума никогаш не ја запозна слободата. Знае само да ги слуша браќата и татко ѝ. Знае и за ќотек, ко..

Автор:

430 ден

Литературно друштво за книги и пити од островот Гернзи

Во 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и сраме..

Автор:

460 ден

Ознаки: nekoj mi go znae imeto, lorens hil