Во „Требаше да си одиш“ еден млад сценарист, заедно со својата сопруга и со петгодишната ќерка, оди во осамена планинска куќа за да го доврши сценариото за својот нов филм. Сосем неочекувано, младата брачна двојка поминува низ првата голема криза, но тогаш во куќата ќе почнат да се случуваат чудни работи поради кои одеднаш се изместува геометријата на реалноста…

Очигледно инспириран од култниот филм „Сјаење“ на Стенли Кјубрик (и истоимениот роман на Стивен Кинг), Даниел Келман вешто покажува како врвната книжевност може да ја обнови својата инспирација и свежина преку поигрувањето со жанровите.

„Иако најкраток, ‘Требаше да си одиш’ веројатно е најгусто и најдлабоко напишан текст на Келман, каде авторот прави спектакуларни резови од хумор до ужас и ги тестира границите на книжевноста.“ – The Standard

„Келман е волшебник на амбисот, вечно застанат на тенката граница меѓу вистината и фантастиката, од каде може да ѕирне во најскриените агли на потсвеста.“ – Berliner Zeitung

„’Требаше да си одиш’ е книга која нè потсетува колку големи можат да бидат малите уметнички дела.“ – Frankfurter Allgemeine Zeitung

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Требаше да си одиш

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Даниел Келман
  • Достапност: На залиха
  • 220 ден
  • 165 ден


  • 1 или повеќе 165 ден

Слични продукти

Бризбејн

Евгениј Водолазкин во својот нов роман ја продолжува приказната за јунаците (исто како и во „Лавр“ и..

Автор:

300 ден 400 ден

Министерство за врвна среќа

Приказната во „Министерство за врвна среќа“ полека и мајсторски се ткае низ сиромашните квартови на ..

Автор:

375 ден 500 ден

Брит-Мари беше тука

Неодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме. Брит-Мари не може да под..

Автор:

300 ден 400 ден

Улис

Контроверзен, скандалозен, интертекстуален, на моменти и нечитлив, но секако духовит и забавен, "Ули..

Автор:

450 ден 600 ден

Ознаки: trebase da si odis, daniel kelman