Картичка за лојални потрошувачи

Books



Од 15 Февруари 2021 година во употреба е Картичката за лојални потрошувачи на Букленд.

Со правото да бидете дел од нашите лојални читатели се стекнувате со купување на минимум една книга во нашата продавница за книги или на нашиот веб сајт.

Како дел од нашите лојални читатели, стекнувате одредени привилегии во рамките на Букленд. Добивате временски неограничено право на почетен попуст од -10% на редовните цени на сите изданија, на македонски и на англиски јазик. Во согласност со вашето темпо на читање, попустот се зголемува и може да достигне до -20%.

Висината на попустот може да се надградува, односно да се зголемува пропорционално со обемот на користење на картичката, преку акумулирање на вкупно направениот промет и тоа:


Почетниот попуст изнесува -10% на редовните цени на сите изданија, на македонски и на англиски јазик. Тоа е првиот ранг на попуст, Клуб 10.

Со надминување на акумулиран промет од 10 000 денари, вашиот попуст изнесува -15% на сите изданија и преминувате во следен ранг, Клуб 15.

Со надминување на акумулиран промет од 20 000 денари, го достигнувате највисокиот ранг на привилегии (Клуб 20) и вашиот попуст се зголемува на -20% на сите изданија.


Правото да ги користите попустите во Букленд како дел од нашите лојални читатели е временски неограничено. Привилегиите и попустите што ќе ги стекнете во тековната година, продолжуваат да важат и во следната година. Попустот можете да го користите, како во нашата продавница, така и преку веб сајтот, со најавување преку вашиот креиран профил. Сумата на рангот се пресметува како севкупен збир од прометот направен во нашата продавница за книги или преку веб сајтот.

Вашите лични податоци кои ќе ги оставите (пр. Име, Презиме, тел. број) при подигнување на картичката ќе се користат исклучиво за нејзино издавање и се заштитени во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Картичката ќе ви биде издадена веднаш, а станува активна со првото следно купување, но не порано од еден работен ден од денот на издавање. Таа важи само за вас и не може да се пренесува на трети лица. Потрошувачот е должен да ја приложи картичката при секое купување.

Картичката не важи за изданија што во моментот на купување веќе се на попуст, ниту на саем на книга, освен ако јавно не е поинаку наведено.

Во случај на несоодветно користење, злоупотреба и слично, Букленд го задржува правото да ја одземе или поништи картичката.

Букленд го задржува правото да изврши менување на Општите услови и правила за издавање и користење на картичката или целосно да ја укине. Овие услови и правила стапуваат на сила на денот на нивното објавување.


Колку повеќе читаш, толку повеќе добиваш!


Последна промена: Септември, 2021 година