Ема Донахју, инаку неверојатен пишувач на историски романи, овој роман го посветува на девојките и девојчињата кои се изгладнувале до смрт во името на Бога. Во минатото, особено во Ирска, на некој начин биле во „мода“ ваквите „анорексични светици“. Иако се случувало под закрила на Бога, а и во средина на XIX век, сепак сета дилема, иронија и едноставната причина за самоконтрола читателот може да ја поврзе со денешните адолесценти.
Ова е неверојатна приказна за 11 годишната Ана О`Донел која живее во ирското селце во близина на Атлон. Таа веќе 4 месеци живее без храна, и тврди дека се наситува со „Манна од небото“. Девојчето-чудо за жителите од селото станува центар на внимание, поголемиот дел од нив ја сметаат за светица, но сакаат да бидат сигурни дека не се измамени.
Медицинската сестра од редот на Флоренс Најтенгејл, Либ Рајт пристига во селцето во сезоната на глад. Како што одминува периодот, тензијата на исчекувањето станува неподнослива. Либи инаку не ги поднесува Ирците , а ни честата појава малолетни девојчиња да се изгладнуваат под закрилата на религијата. Таа постојано се бори со сопствениот антагонизам кон католичката религија и нејзините морални принципи како искусна негувателка. Сепак детето е дете. При нејзиното набљудување на девојчето, таа не забележува никаква измама, но мистеријата се зголемува како што ова девојче преживува...
Чудото
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Ема Донахју
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Мраз во пламенот
Дебитантскиот роман на Е. Н. Веровска претставува вистинско богатство на македонската книжевност за ..
245 ден 350 ден
Десет прашања за кои науката нема одговор (сè уште)
Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќ..
264 ден 330 ден
Магионичарот
Во еден провинциски германски град, на крајот на дваесетиот век, момчето по име Томас Ман расте со к..
350 ден 500 ден
Азбуката на куклата
Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предме..
245 ден 350 ден
Ознаки: cudoto, ema donahju
