Овој разигран роман за љубовта и страста ќе ги зацрвени образите дури и на најтврдокорните либерали и сладострасници.
„Реков и ќе речам: задница. Ни задник, ни дуп, ни газ, ни гузица, ами задница. Оти кога ја јавам ме обзема токму такво чувство: дека сум качен на мускулеста, кадифена кобила, избувлива, а питома. Тоа е една цврста и можеби толку крупна задница колку што се вели во легендите што за неа кружат низ кралството, а кои им ги разгоруваат мечтите на моите поданици. (До моите уши стигаат сите, но не ме лутат – ми ласкаат.)“
Со оваа книга Марио Варгас Љоса успеа своите омилени теми, љубовта и еротиката да ни ги претстави на нов и многу провокативен начин. Со толкувањето на шесте репродукции на сликите, тој воедно ги оживува и преку нив ни раскажува приказни во кои шармантниот и личен Фончито ја вознемирува маќеата доња Лукресија, а дон Ригоберто се фрла во ноќните фантазии, со што нè наведува да се прашаме дали момчето, всушност, е самиот Ерос кој се вовлекува во прегратките на зрелата жена, или станува збор за мечтите на нејзиниот сопруг.
Овој роман можеби е мал, но изобилува со теми од кои би се срамеле, доколку писателот на ваков маестрален начин не ги обработеше. Ова дело е единствено во опусот на М. В. Љоса.
Пофалба на маќеата
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Марио Варгас Љоса
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Били Ајлиш
Откриј се што сакаш да знаеш за лошата девојка на поп-музиката во една неверојатна книга!Били Ајлиш ..
280 ден 350 ден
Ветрогонот Бабукиќ и неговото време
Главниот лик на филмот „Терминал“ бил заробен на аеродром девет месеци, а херојот од новиот роман на..
375 ден 500 ден
Детето во снегот
Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“...
140 ден 200 ден
Ознаки: pofalba na makjeata, mario vargas ljosa
