Збирката „Детски и домашни бајки“ е несомнено најпознатата и најпреведувана германска книга на сите времиња, а бајките содржани во неа, со векови, по устен или по писмен пат, се вградувале во душата и во фантазијата на многу генерации деца во целиот свет. Тие и ден-денес ја немаат загубено својата актуелност и претставуваат омилено четиво и за децата и за возрасните.

Ако во минатите времиња многумина својот прв допир со пишан текст го направиле читајќи ја Библијата, за неброени генерации деца во светот овие бајки претставувале прво запознавање со книжевен текст.

Во вкупното дело на браќата Грим засебно место и најголема популарност имаат бајките. Нивниот интерес за бајките бил мотивиран од сфаќањето на романтичарското начело дека во бајките, како облик на народната епика, е сочуван таканаречениот дух на народот, својствен за автентичното колективно творештво.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Бајки

  • Издавачка куќа: Полица
  • Автор: Браќата Грим
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 315 ден


  • 1 или повеќе 315 ден

Слични продукти

Волшебниот автомобил

Берке доби автомобил со педали како подарок од неговиот другар, автомеханичарот чичко Аднан. По..

Автор:

210 ден 300 ден

Басни и бајки

Светот на овие хрватски бајки е необичен и прекрасен, а магичните фантазии на Мажураниќ се незаборав..

Автор:

210 ден 300 ден

Расказите на Денис

Она што за нас беа расказите со Зоки Поки, за децата од Русија беа „Расказите на Денис“. Една од нај..

Автор:

252 ден 360 ден

Џиновска инвазија

Алфеј вознемирано лета - ита накај Биби и Боби. Што се случува во Скриената долина? Замислете, оваа ..

Автор:

150 ден 200 ден

Ознаки: bajki, brakjata grim