Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбите за да го сочува својот живот. А и што им преостанува на црнците качени на овој ужасен брод. Среде океан далеку од својот дом. Откако пристигнаа на копното, Амината ја продадоа на друг газда. Се раздели од момчето од соседното село со кое ги делеа нечовечните мигови на бродот. Ама и не е така важно. Она што сега е значајно е успешно да му служи на белиот Американец што сега ја поседува. Сепак Амината е непоколеблива и постојано ја следи желбата еден ден да се врати дома. Во Африка.
Моментот кога повторно го сретнува Чакура, момчето од бродот, засекогаш ќе и го промени животот. Сега веќе пораснати, заедно ќе се борат да го променат светот. За време на нејзиното долго страдање, таа прави сè што може да се ослободи себеси и останатите од ропство. Притоа ги учи да читаат, тие да ги поучуваат другите и да се спријателуваат со секој што може да им помогне, без разлика на бојата на кожата.
Инспиративна приказна за една силна жена, што ги доживува едни од најтешките услови за живот низ историјата. Вознемирувачки и длабок роман, напишан по вистинска приказна, по кој е снимена познатата телевизиска серија, што под наслов „Книгата на црнците“ се прикажуваше на Нетфликс.
Некој ми го знае името
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Лоренс Хил
- Достапност: На залиха
- 299 ден
-
224 ден
-
- 1 или повеќе 224 ден
Слични продукти
Виконтот кој ме сакаше
"1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Б..
360 ден 450 ден
Одмаздата на Тудорите
Елизабета е конечно на престолот. Очајна од ситуацијата таа го повикува својот најверен шпион да ù п..
413 ден 550 ден
Град во облаците
Во петнаесетиот век, во застрашувачките ѕидини на Константинопол, живее сирачето Ана. Таа учи да чит..
473 ден 630 ден
Ознаки: nekoj mi go znae imeto, lorens hil
