Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. Повторно ќе се врати времето на црешите, без оглед на драмата, што таму некаде ја проживуваат синовите на проклетата апулија...
Пред крајот на Првата светската војна, меѓу маслинките и лозјата во едно зафрлено селце на југот на Италија, две жени одлучиле да ја сменат судбината на тукушто родениот Витантонио Палмизано, надевајќи се дека така ќе го заштитат од семејното проклетство и смртта за време на војна. Како дваесет и прв во редицата машки во фамилијата Палмизано, Витантонио го замениле по раѓањето и го воспитувале како брат близнак на Џована Конвертини, родена истиот ден во една од најбогатите фамилии во Апулија. Витантонио и Џована заедно растеа, врзани со тајната, а војната изгледа како некој далечен, одамна заборавен кошмар. Ама облаците на новата, уште покрвава Втора светска војна се појавуваат на хоризонтот и се закануваат да уништат сè што една храбра и пожртвувана мајка се обидела да зачува.
Палмизанови е италијанска трагедија, што се одвива меѓу владеењето на Мусолини и надежите за ослободувањето, запишана од мајсторското перо на реномираниот каталонски писател Надал… Незаборавна сага за две семејства и за едно момче кое се бори против судбината… Приказна за пријателството, војната, соперништвото, за невозможната љубов на двајца кои веруваат дека се брат и сестра.
Проклетството на Палмизанови
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Рафел Надал
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Париската библиотека
Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди о..
280 ден 350 ден
Првата кралица
Во земја каде што мажите носат превез, една жена го прекрива својот идентитет – се преправа во маж.К..
328 ден 469 ден
Замрзнатата река
Сеќавањето е лукава работа, се криви и извртува. Но, хартијата и мастилото ја добиваат непристраснат..
552 ден 690 ден
Ознаки: prokoletstvoto na palmizanovi, rafel nadal
