Никаде без ќерка ми е автентична приказна за љубовта, за личната драма, за траумите и за понижувањата на една современа Американка.
По неуспешниот брак, Бети се вљубува во штотуку дипломиран лекар – Иранец. Љубовната идила по две-три години завршува со брак, а по извесно време брачниот пар одлучува да го посети Иран, заедно со својата тригодишна ќерка. Иако Бети се плаши дека нема да се врати оттаму, сепак одлучува да го придружува својот сопруг. Патувањето се совпаѓа со периодот кога во Иран се случуваат крупни политички промени, односно, кога на власт доаѓа имамот Хомеини и кога Иран станува Исламска Република.
Нејзините стравувања многу брзо стануваат реалност. Бети со својата ќерка станува заложник на мрачното семејство на нејзиниот сопруг. По низа драматични случувања, таа успева да избега од Техеран со својата ќерка и да дојде во САД.
Никаде без ќерка ми е книга за бескрајната мајчинска љубов и за издржливоста, но и за муслиманскиот фанатизам, како и за судирот помеѓу западната култура и културата на исламските државни уредувања.
Никаде без ќерка ми
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Бети Махмуди
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
Слични продукти
Летото смени се
Темпераментната Французинка Елиз има опасно лош ден. Не само што ѝ пропаѓаат плановите за отворањето..
336 ден 420 ден
Лажливиот живот на возрасните
Уште една неаполска приказна за преминот од детството во светот на возрасните.Убавото лице на 13-год..
360 ден 450 ден
Лавовите од петтата авенија
Една навидум безопасна ситуација може да ја доведе во прашање егзистенцијата на едно среќн..
416 ден 520 ден
Ознаки: nikade bez kjerka mi, beti mahmudi