За едни гениј на векот, за други луд научник, Илон Маск несомнено успева да го привлече вниманието не само во технолошката индустрија, туку генерално на целиот свет. Со докажана натпросечна интелигенција, човекот што стои зад „Тесла“ и „Спејс екс“ во исто време го величаат и го осудуваат за неговиот опсесивен, често нетолерантен перфекционизам.

Илон Мaск е амалгам на легендарните пронаоѓачи и индустријалци: Томас Едисон, Хенри Форд, Хауард Хјус и Стив Џобс. Но, повеќе од кој било друг, Маск ги посвети сета своја енергија и огромно богатство да измисли иднина што е исто толку богата и далекосежна како и онаа на визионерите од златната доба на научната фантастика.

Оваа исклучителна биографија напишана од Ешли Венс мошне објективно успева да го долови човекот што многу често е споредуван со фамозниот Тони Старк, не дозволувајќи самиот Маск да се меша во содржината. Опфаќајќи ги неговите детски години, па сè до електричниот автомобил и ракетите, Венс проникнува во умот на најинтригантната фигура во Силициумската Долина, откривајќи детали не само за функционирањето на неговите компании туку и за неговиот личен живот.

Духовитиот стил, живописното раскажување и интервјуата лично со Маск и со луѓето што биле со него во неговите најважни моменти се она што прави оваа книга да биде прочитана во еден здив.

"Бр. 1 најпродавана книга за бизнис на Њујорк тајмс (New York Times)"

"Бр. 1 најпродавана книга за бизнис/претприемаштво на Амазон"

"Најдобра книга на годината на Амазон (Amazon) - (Бизнис и инвестирање)"

"Најдобра бизнис-книга за 2015 г. на Волстрит журнал (Wall Street Journal)"

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Илон Маск: „Тесла“, „Спејс Екс“ и потрагата по фантастична иднина

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Ешли Венс
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Сестрата од сенка

Ова е третиот дел од серијалот за сестрите.Ѕвезда Д*Аплиез е најзагадочна од сите сестри. Се колеба ..

Автор:

413 ден 550 ден

Степскиот волк

Навистина, не е мудар оној што не ја познава темнината...Растргнатоста на духот на човекот, кој во р..

Автор:

300 ден 400 ден

Мостот на Дрина

Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врск..

Автор:

413 ден 550 ден

Маслинката

Освежителна приказна што ќе ве оттргне од секојдневието и ќе ве облее со топлите зраци на Сонцето од..

Автор:

413 ден 550 ден

Ознаки: ilon mask, esli vens