Си беше еднаш една книга со 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, Браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината. Книгата-ковчеже има и Златно клуче за отклучување и влез во најубавите бајки на сите времиња.
Секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност. Бајките се најсигурниот патоказ кон нивната иднина.
СИ БЕШЕ ЕДНАШ (Најубавите бајки на сите времиња) е голема книга за малите читатели со нова, воедначена раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска (соодветна и примерена на новото време и на новите генерации читатели) и раскошни илустрации од Наталија Лукомска, во која можат да се најдат и неколку бајки кои првпат се преведени и адаптирани на македонски јазик.
Си беше еднаш
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Оливера Ќорвезироска
- Достапност: На залиха
- 1.290 ден
-
1.032 ден
-
- 1 или повеќе 1.032 ден
Слични продукти
Приказни за вештерки, самовили и принцези
Во оваа сликовница се собрани најубавите приказни за вешетрки, самовили и принцези. Сите им се добро..
408 ден 480 ден
Во светот на бајките
Избор од најубавите класични бајки, омилени меѓу сите деца, преку кои се открива волшебниот свет на ..
374 ден 440 ден
Ознаки: si bese ednas, olivera kjorveziroska
