„По дваесет години како семеен психолог, знам дека никој не е роден како добар родител. Но, исто така, знам дека речиси секој може да стане добар родител – и дека секој може да се подобри. Улогата на родител ќе биде најважната улога што некогаш ќе ја имате во вашиот живот. Таа ќе бара мудрост, знаење, многу храброст и уште повеќе самоосознавање. На моменти, ќе бара повеќе отколку што сте очекувале, но убавината на сето тоа се состои во следново: Ако станете подобар родител, тогаш ќе станете и подобра личност. Со други зборови, напорната работа се исплати многу.“ - Х. М.

Што да направите кога вашето дете доживува некаква криза за која се чини дека нема никаква причина? Како да постапите кога детето не спие мирно, не сака да јаде или вреска секогаш кога треба да оди некаде? Повеќето родители би избрале една од овие опции: да збеснат или едноставно да се откажат. Но што ако постои и трета опција?

„Мудар родител – среќно дете“ е наменета за сите оние што имаат неколку години родителско искуство и имаат потреба од совети. Низ седум лесни чекори, психологинката и семеен терапевт Хедвиг Монтгомери ги води родителите и старателите на патувањето што им претстои затоа што родителството е долготраен проект – имате околу дваесет години да го завршите овој проект како што треба.

„Мудар родител – среќно дете“ е поучна и едноставна книга што ќе ви помогне да изградите цврст и среќен однос меѓу вас и вашите деца, без оглед на која возраст се.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Мудар родител - среќно дете

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Хедвиг Монтгомери
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани

Животот во најголема мера зависи од поврзаноста меѓу луѓето и од квалитетот на врските – семејни, па..

Автор:

320 ден 400 ден

Конфликт, мир и медиуми

„Конфликт, мир и медиуми“ е книга што со научна прецизност и јасна мисла ја осветлува сложената дина..

Автор:

280 ден 400 ден

Психологија на вниманието

Откријте зошто оваа мала книга е една од најзначајните во светската психологија.Психолозите направил..

Автор:

210 ден 300 ден

И за тоа ме заболе: еб*на магија што го менува животот

Дали сте анксиозни, растргнати на сто страни и незадоволни од животот? Ви пречи што не можете да пос..

Автор:

323 ден 430 ден

Ознаки: mudar roditel srekjno dete, hedvig montgomeri