Најдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини, но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете, имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?
Икигаи
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Ектор Гарсија и Франсеск Миралјес
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
304 ден
Слични продукти
Психологија на толпата и анализа на егото
Живееме во свет и општество каде влијанието на мнозинството има голем дел од индивидуалното егзистир..
480 ден 600 ден
Прирачник за доблесно живеење
Убавината учи на самоконтрола, болката на издржливост, а неправдата на трпение.Формулата за решавање..
200 ден 250 ден
Не почна од тебе
Депресија. Анксиозност. Хронична болка. Фобии. Опсесивни мисли. Доказот е убедлив: можно е корените ..
344 ден 430 ден
Животот е краток, направете го величествен
Вие имате моќ да го збогатите својот живот, моќ да ги надминете неволјите и да постигнете среќа, хар..
256 ден 320 ден
Ознаки: ikigai, ektor garsija, fransesk miraljes
