Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не? Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција.
Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:
- Кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
- Зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
- Што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
- Кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
- Како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.
Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции, за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, "Што кажува секое тело" нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.
Што кажува секое тело
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џо Наваро
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
320 ден
-
- 1 или повеќе 320 ден
Слични продукти
Внатрешни конфликти
Карен Хорнај е психоаналитичар и една од најзначајните критичари на Фројдовата психоанализа, а посеб..
280 ден 400 ден
Како помалку да се мисли
Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања. Во твојата глава секогаш нешто се виори – п..
323 ден 430 ден
Да се живее поинаку
Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното..
240 ден 300 ден
Ознаки: sto kazuva sekoe telo, navaro
