Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

Еден млад Италијанец, кој патува од Венеција кон Неапол, е заробен од страна на отоманската флота и однесен во ропство во Истанбул. Таму, во јадрото на големата Империја, му е предаден на турскиот пронаоѓач наречен едноставно „учителот“, кој е негов идентичен двојник! Робот е принуден да го научи „учителот“ на сè што знае за науката, технологијата и медицината, но, исто така, и да му ги открие своите најдлабоки тајни.

„Белата тврдина“ е третиот роман на Орхан Памук, во кој на интересен и возбудлив начин се испреплетуваат историјата и фикцијата, Истокот и Западот, науката и војната – сè во обид да се одговори прашањето: Кој сум „јас“?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Белата тврдина

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Орхан Памук
  • Достапност: На залиха
  • 360 ден
  • 288 ден


  • 1 или повеќе 288 ден

Слични продукти

Понижени и навредени

Во што е разликата помеѓу љубовта и жртвувањето? Каде е границата помеѓу чувството на достоинст..

Автор:

450 ден 600 ден

Театарски роман

Театарски роман прави мошне прецизна и остра сатира на руското општество меѓу двете светски војни, п..

Автор:

176 ден 252 ден

Вечниот маж

Во нашиот век дури ни на пристојните луѓе не им се простуваат толку лесно прегратките и солзите на п..

Автор:

240 ден 300 ден

Смртта на Иван Илич, Кројцерова соната, Отец Сергиј

„Смртта на Иван Илич“ (1886)Од детството, па сè до крајот на неговиот живот, Иван Илич честопати се ..

Автор:

300 ден 400 ден

Ознаки: belata tvrdina, orhan pamuk