Гнев, сладострастие, алчност, гордост, мрзливост, завист и ненаситност се седумте смртни гревови – страшните искушенија на човековата душа.

Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ од Дијана Петрова е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворувањето на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Преку ликовите што се доведуваат на работ на лудилото се прикажува апсурдноста на постапките во животот и се поставува прашањето: дали тоа што смртта е неизбежна прави таа да биде нелогична?

„Збирката раскази "Не правете им сенка на гробовите" е мошне возбудливо и уникатно четиво поделено во седум дела со по три целини насловени според седумте смртни гревови – секоја од нив е едно посебно патување внатре низ светот што Петрова го гради со филантропска вештина и внатре низ светот на секој оној што ќе тргне по овие наративни патувања. Светот во кој авторката нè води е и обичен и необичен, мистериозен и банален, близок и далечен, населен со ликови со широка палета од најразлични особености во чија бизарност, сепак, лежи човечкото. Оваа книга остава жиг, не на телото, туку на душата на читателот, кој сака да тргне во една ваква силна и возбудлива авантура и поради тоа, како и поради зрелоста, умешноста, мудроста на овие раскази, односно на нивната авторка.“ - Фросина Пармаковска

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Не правете им сенка на гробовите

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Дијана Петрова
  • Достапност: На залиха
  • 250 ден


Слични продукти

Будимпештански записи 2

Пред вас се отвора втората книга од едно патување, поместено од координатите на нужноста, но вкорене..

Автор:

590 ден

Љубовниците полиглоти

Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовече..

Автор:

370 ден

Круг

Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијали..

Автор:

400 ден

Мојата љубовна приказна

Продадени двесте милиони плочи. Дванаесет награди „ГРЕМИ“. Само една Тина Тарнер. „Правев опасни раб..

Автор:

450 ден

Ознаки: ne pravete im senka na grobovite, dijana petrova