Димитри Димитриевич очигледно направил некаква ужасна грешка, затоа што власта одеднаш почнува да се интересира за него, а неговото име станува предмет на потсмев и критика во весниците. Набрзо, околу неговиот дом ќе почнат да се врткаат полицајци и шпиони, неговите роднини и блиски пријатели преку ноќ исчезнуваат, а нема да помине долго време пред да следува и првиот разговор со Власта. И сето тоа поради една обична, речиси заборавена опера посветена на леди Макбет… Ќе поминат децении пред оспоруваниот, навредуван и исмеван Димитри Димитриевич да ги надмине кошмарните судири со власта, да го проголта понижувањето, да се помири со својата генијалност и да стане – Шостакович.
„Шумот на времето“ е роман за тиранијата, за уметникот во заробеното општество, за времето во кое молчењето (и музиката) е единствениот облик на критика, за цената на слободата и животите изгорени од пресилната светлина на Водачот. Моќно книжевно дело кое на шокантен начин го разобличува времето во кое живееме.
„’Шумот на времето’ е ремек-дело на Барнс.“ - Observer
„Прекрасен хибриден роман, напишан во духот на руските класици, nо посветен на теми кои се неверојатно актуелни во денешното општество.“ - The Times
„Барнс ја (пре)раскажува приказната за еден од најголемите судири помеѓу уметничката слобода и тоталитарната власт. ‘Шумот на времето’ е дело достојно на генијалноста на Шостакович.“ - Guardian
Шумот на времето
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Џулијан Барнс
- Достапност: На залиха
- 370 ден
-
259 ден
-
- 1 или повеќе 259 ден
Слични продукти
И боговите имаат интернет
Што би се случило кога неочекувано би се појавил стариот дневник пишуван пред речиси четириесетина г..
315 ден 420 ден
Незначајни партнери
Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од св..
392 ден 490 ден
Согласност
Повеќе од триесет години од настаните што ги опишува во својата книга, Ванеса Спрингора го претставу..
323 ден 430 ден
Ознаки: sumot na vremeto, dzulijan barns
