Број 1 интернационален бестселер. Напнат крими-роман сместен во атмосферата на Лондон – од тивките улици на Мејфер, преку пабовите во зафрлените улички на Ист Енд, до бучавата на Сохо.
Една снежна вечер манекенката Лула Ланди ќе падне од балконот на својот апартман. Нејзиното проблематично однесување ќе ја наведе јавноста да заклучи дека станува збор за самоубиство. Меѓутоа, нејзиниот брат не го дели општото мислење. Тој го најмува приватниот детектив Корморан Страјк да го испита случајот.
Страјк е воен ветеран, со многу проблеми и на физички и на психички план. Неговиот живот се распаѓа, така што истрагата околу смртта на познатата манекенка ќе му се види како појас за спасување. Случајот го втурнува во светот на мултимилионерските убавици, рок-естрадата и очајните дизајнери, свет исполнет со разновидни задоволства, искушенија, пороци и заблуди. Откривајќи шокантни тајни, детективот ќе влезе во срцето на опасноста.
Можеби мислите дека веќе знаете сè за детективите, но никогаш не сте сретнале некој како Страјк. Можеби мислите дека знаете сè за богатите и славните, но никогаш не сте ги виделе во истрага како оваа.
Повикот на кукавицата
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Роберт Галбрајт
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Смрт на Нил
На една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како..
304 ден 380 ден
Враќањето на Шерлок Холмс
НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊАЕден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвит..
300 ден 400 ден
Водни ритуали
Жртвата која некогаш била измачувана од монструм и самата станува монструм…Бремена жена е убиена на ..
420 ден 600 ден
Ознаки: povikot na kukavicata, robert galbrajt
