Бебињата се чудо! Не е важно колку деца имате, искуството со секое е ново, различно, посебно, и како родител никогаш не престанувате да се грижите што е најдобро за вашето дете.
Мудар родител – среќно бебе е модерна библија за родителите на дваесет и првиот век. Во седум лесни чекори, психологинката и семеен терапевт Хедвиг Монтгомери ги води родителите низ првите 24 месеци од детскиот живот. Бидејќи првите две години од животот се навистина чудесни. Неверојатно е да се воспитува дете од првите денови, од немоќно бебе што само лежи или лази до дете што чекори покрај вас и говори. Во еден момент тоа не може ништо, а веќе во следниот може сè. Тие две години се како цела вечност, еден посебен универзум. И затоа е потребен овој придружник!
Како да имате среќно дете? Како да стекнете доверба? Како да го подготвите детето за тешките нешта што следуваат? Колку навистина смеете да бидете нервозни? Која е најчестата грешка што ја прават родителите?
Мудар родител– среќно бебе е поучна и едноставна книга, која ќе ве научи како да станете родител каков што посакувате да бидете.
Мудар родител - среќно бебе
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Хедвиг Монтгомери
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Смирени родители, среќни деца
Пионерски водич за тоа како да се воспитаат одговорни, способни и среќни деца.Приодот на д-р Лора Ма..
450 ден 600 ден
Што кажува секое тело
Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навис..
320 ден 400 ден
Мала книга за Лике: данската потрага по најсреќните луѓе на светот
Lykke (Лике) значи среќа. Очигледно е зошто Данска често ја нарекуваат најсреќна земја на светот. По..
624 ден 780 ден
Митот за нормалното
Траумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.Во револуционерната книга „М..
552 ден 690 ден
