Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.
Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.
Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.
Намести си го креветот
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Вилијам Х. Мекрејвен
- Достапност: На залиха
-
250 ден
Слични продукти
Интерперсонални комуникациски вештини
Со добра комуникација можеме да постигнеме сè. Комуникацијата е размена на пораки меѓу луѓето. Тоа е..
350 ден
Осум состаноци
Среќните парови не се разликуваат многу од несреќните; тие се само способни полесно да го решат пред..
450 ден
Како подобро да се мисли
Експертката за човечката природа, Кристел Петитколен, се враќа со продолжението на хитот „Како ..
430 ден
Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители
Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како д..
450 ден
Ознаки: namesti si go krevetot, vilijam mekrejven
