„Деца на злото“ е прв роман на човекот чии јавно искажани ставови секогаш создаваат лавина реакции во соседна Србија. А сега донесува вистински потрес и во светот на литературата!
Во средиштето на романот се наоѓа едно драматично убиство, а потрагата по сторителот ќе доведе до низа други настани, кои ќе откријат дека станува збор за злосторство од страст, одмазда, опомена и симболика.
Како да се пронајде виновникот во свет во кој вистината е изобличена, а минатото на јунаците е вткаено во нивната сегашност со нераскинлива поврзаност со злото?
Никола Бобиќ, белградски адвокат, ќе се обиде да пронајде одговор на тоа прашање, не насетувајќи дека одговорот засекогаш ќе го промени.
Оваа приказна се однесува на сите нас бидејќи во неа ќе пронајдеме рефлексија и на нашата општествена стварност. Но, што е уште поважно, ќе го пронајдеме изгубеното зрно надеж.
Дури и во систем длабоко изгребан од корупцијата има место за херои.
Деца на злото
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Миодраг Мајиќ
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Ме сака, не ме сака
Познатите убијци имаат клубови на обожаватели.Хамиш Вулф е шармантен, харизматичен и многу убедлив. ..
338 ден 450 ден
Не барај ме
За време на страшна бура, Моли го напушта своето семејство за да ги затапи своите чувства. Таа вози ..
335 ден 479 ден
Мементо за Истанбул
Каков воодушевувачки и брзочитачки детективски роман од перото на турскиот Агата Кристи.Мртво тело с..
375 ден 500 ден
Ознаки: deca na zloto, miodrag majikj
