Книгата „Емоционална интелигенција" е преведена на многу јазици и доживува милионски тиражи. Во овој светски хит, надвор од трендовскиот жанр, авторот, анализирајќи ги предусловите за успех и среќа на човекот во современиот свет, емоционалната интелигенција ја става над рационалната. Темелејќи го сопствениот пристап врз бројни примери од истражувања спроведени со деца и возрасни, низ оваа обемна социолошка студија, целосно ја претставува емоционалната интелигенција, како способност за: чувство кон другите и средината; реална проценка; контрола врз сопствените емоции; создавање добри меѓусебни односи. Оваа книга нуди решенија за проблеми во воспитувањето, школувањето, работењето, релациите, семејството...
Оваа книга на оние со ниско ниво на емоционална интелигенција, ќе им биде вистинско откритие, а оние, пак, коишто се одликуваат со емоционални вештини ќе добијат потврда за нивното значење. Читајќи ја оваа книга ќе се уверите дека емоционалната писменост и емоционалната интелигенција се во директна корелација со квалитетот на животот и иднината.
Емоционална интелигенција
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Даниел Големан
- Достапност: На залиха
- 700 ден
-
525 ден
-
- 1 или повеќе 525 ден
Слични продукти
Како стекнав трајно здравје
Страница полна со здравје, и физичко и духовно, со спокој и душевен мир.Маја Волк е жената која не с..
300 ден 400 ден
Престанете да размислувате прекумерно
Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент...Дали сте често растревожени и по..
240 ден 320 ден
Клучот за успешна приказна
„Клучот за успешна приказна“ е структурирана како 24-неделен курс. Читателот, кој сега ги добива сит..
350 ден 500 ден
Кралството на самоконтролата
Човекот во својата слабост е творба на околностите, човекот во својата моќ е творец на околностите. ..
210 ден 300 ден
Ознаки: emocionalna inteligencija, daniel goleman

