Во традицијата на романите на Халед Хосеини, приказна за судбината на семејства во потрага за мир и слобода испреплетена со судбината на познат картограф од дванаесеттиот век.
Летото 2011 година, кога таткото на Нур починува, нејзината мајка одлучува дека е време да го напуштат Њујорк и да се придружат на семејството во Сирија. За среќа, Нур има начин со духот засекогаш да остане со својот татко: под смоквата во нивната градина во Хомс таа ја шепоти нивната омилена приказна и се надева дека таа ќе стигне до местото каде што е погребан татко ѝ. Таа приказна што постојано ја повторува е приказната за Равија, девојче од дванаесеттиот век, кое преправена во момче станува ученик на најпознатиот средновековен картограф Ал-Идриси.
Наскоро избива војна во Сирија и Хомс е бомбардиран. Нур и нејзиното семејство се соочуваат со изборот: да останат во својот дом изложени на насилство или да побегнат преку седум земји на Блискиот исток и Северна Африка, истите земји што биле исцртани деветстотини години пред тоа од страна на картографите на кои Нур толку многу им се воодушевува. На тоа патување, во чудесната приказна за Равија, Нур ќе најде сила и храброст, и ќе сфати што значи дом.
„Таа древна, понекогаш мистична врска помеѓу географските карти, луѓето и знаењето е окосницата на Мапирање на сол и ѕвезди, двојна приказна за патување и егзил, која се движи меѓу современата завојувана Сирија и карван-сараите и ановите на нејзиното исчезнато минато.“ - New York Tims Book Reviw
„Овој имагинативен, но реален приказ на Сирија разорена од војната е задолжителна лектира.“ - Booklist
Мапирање на сол и ѕвезди
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Зејн Џухадар
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Јас, Маргарита
Јас, Маргарита” е книга со раскази за мажи и жени, љубов и омраза, цинизам и надеж – интересна и по ..
210 ден 300 ден
Свежа вода за цвеќиња
Освен вечно актуелните теми – тага, надеж, загуба и љубов, во оваа книга нежно се допираат и сите ма..
450 ден 600 ден
Јужно предградие
„Јужно предградие“ е продолжение на романот „Вратената“ – приказната за двете сестри, сега пораснати..
273 ден 390 ден
Часови по измама
ПатникИмам сѐ, а врз мапатана мојата душа празни местасѐ уште вдлабени. Неистраженипредели каде што ..
160 ден 200 ден
Ознаки: mapiranje na sol i dzvezdi, zejn djuhadar
