Моќта на самодовербата е неверојатна книга што ви дава бесценети совети и конкретни насоки за себеразвивање преку зацврстување на самодовербата. На тој начин, таа ви ја отвора вратата кон еден поисполнет и порадосен живот. Брајан Трејси, најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба, несебично споделува со нас повеќе практично докажани техники за развивање на самодовербата, која е клучна за постигнување на успех и среќа.
Самодовербата е способност да се осмелите да ги преземете потребните ризици без гаранција дека ќе успеете. Добрата работа е што и таа, како и секоја друга особина или вештина, може да се развива преку редовни вежби за развој во секоја област од животот.
Што би направиле денес доколку знаете дека исходот ви е загарантиран? Би го договориле состанокот? Би ја поканиле личноста што ви се допаѓа да излезете? Би го склучиле договорот? Секако! Ако зрачите со самодоверба, вие би го постигнале посакуваниот резултат и биле побрзи, поефикасни во работата и би влијаеле позитивно и врз другите луѓе. Оваа книга ќе ви помогне да ја разберете моќта на самодовербата, да дознаете како да ја примените кај себе и кај другите и да уживате во плодовите што таа ќе ви ги донесе!
Слични продукти
Стравот
Во својата прва книга, „Се гледаме на врвот“, Коста Петров ги открива своите тајни на успехот, каде ..
299 ден
Моќта на умот : тајната на менталната магија
Mоќта на умот е монументално достигнување во науката за умот. Нејзината вредност денес е уште поизра..
500 ден
Чудесното утро
Што ако – за некое чудо – се разбудите утре и сфатите дека некоја или секоја област од вашиот живот ..
400 ден
Психологија на парите
Умешноста со парите зависи многу повеќе од начинот на кој се однесувате отколку од вашата интелигенц..
500 ден
Ознаки: mokta na samodoverbata, brajan trejsi
