„Престани да дозволуваш сѐ да те погодува“ е книга што може да го промени начинот на кој се гледате себеси, другите и светот околу вас. Наменета е за сите што премногу размислуваат, лесно се преплавуваат од емоции и несвесно си го отежнуваат сопствениот пат.
Со искреност и практична мудрост, Даниел Чидиак открива зошто и најмалите нешта можат да ви го расипат денот и ви покажува како конечно да се ослободите од тие повторливи навики.
Во оваа книга ќе научите како: да не им дозволувате на ситниците да ве исфрлат од колосек, да престанете самите да се саботирате, да поставувате здрави граници без чувство на вина и да ја препознавате разликата меѓу вистинската одговорност и емотивната манипулација. Ќе откриете како да го прекинете циклусот на претераното размислување пред да ве вовлече во маѓепсаниот круг, како да не ги сфаќате работите лично и да не им дозволувате на емоциите да управуваат со вашите реакции.
Исто така, ќе научите да ги препознавате токсичните шаблони во односите и да знаете кога е време да си заминете, да престанете да се доживувате како жртва и да ја вратите сопствената сила, но и да ја совладате вештината на здравото емотивно дистанцирање – да останете смирени и непоколебливи, без да станете ладни и рамнодушни. И конечно, ќе продолжите напред без потреба некому да му го објаснувате или оправдувате сопствениот личенразвој.
Без разлика дали сте изморени од постојаното преиспитување на секоја мисла, од впивањето на туѓите емоции или едноставно не сакате повеќе да му дозволувате на животниот хаос да управува со вашиот внатрешен мир, оваа книга нуди практични алатки што ќе ви помогнат повторно да ја преземете контролата врз сопствениот живот, да го заштитите својот внатрешен мир и да живеете послободно, посмирено и полојално на своето автентично јас.
Како што вели Даниел: „Во свет создаден да ве држи во постојана преоптовареност, да научите како да го заштитите својот внатрешен мир не е само важно – тоа е неопходно.“
Престани да дозволуваш сѐ да те погодува
- Издавачка куќа: Читај книга
- Автор: Даниел Чидиак
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 113 ден
Слични продукти
Триумфот на човекот кој дејствува
Оваа книга е повик за акција. Ќе се изненадите колку секоја реченица, секоја страница е богата со му..
350 ден 500 ден
Како подобро да се мисли
Експертката за човечката природа, Кристел Петитколен, се враќа со продолжението на хитот „Како ..
323 ден 430 ден
Се е заебано
Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за про..
312 ден 390 ден
Држете се до своите деца
Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?Современа ..
480 ден 600 ден
Ознаки: prestani da dozvoluvas se da te pogoduva, daniel cidiak, престани да дозволуваш се да те погодува
