Сабота, 7:48 наутро. Ме буди ѕвонењето на телефонот. Главата ми пука, а стомакот ми се превртува од лошо претчувство. Синоќа ја прославивме мојата моминска вечер. До свадбата има уште две недели. Мамурна сум како никогаш досега... а, покрај мене во креветот лежи непознат маж.
Се јавувам. Сузан е.
„Не знам како да ти го кажам ова, Меги... Енџи е мртва.“
Не можам да поверувам. Пред само неколку часа сите бевме заедно, танцувавме и се смеевме во клубот во центарот на градот.
Тоа требаше да биде мојата последна вечер како слободна девојка, помината со шесте мои најблиски пријателки.
Но, сега една од нас е мртва.
А, една од нас можеби е убиецот.
И кој е човекот во мојот кревет?
По една бурна моминска вечер и премногу испиени пијалаци, Меги Трухарт се буди покрај непознат маж. Но, вистинскиот кошмар започнува кога добива телефонски повик: нејзината пријателка Енџи била убиена кратко откако девојките се разделиле претходната ноќ.
Кели Делани, која си заминала порано од забавата, прва се соочува со прашањата на детективот за убиства од Чикаго, Рон О’Рајли. Колку повеќе ги истражува жените што биле на моминската вечер, толку повеќе детективот сфаќа дека некои од нив кријат опасни тајни.
Додека свадбениот ден се приближува, шокантни вистини излегуваат на виделина, а убиецот го насочува вниманието кон уште една од девојките. Дали ќе успеат да го запрат убиецот пред да има нова жртва?
Впечатлив психолошки трилер – совршен за фановите на Фрида МекФаден, Џенева Роуз, Луси Фоли, Лиан Мориарти и Шари Лапена.
Моминска вечер
- Издавачка куќа: Читај книга
- Автор: Кетрин О'Конел
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 138 ден
Слични продукти
Скриено во снегот
#1 УБИСТВАТА ВО ОРЕНепосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е..
413 ден 550 ден
Семејни тајни
Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е т..
472 ден 590 ден
Крвава месечина
Колку чини еден човечки живот? На што сè се луѓето подготвени за да се ослободат од некој?Три жртви ..
413 ден 550 ден
Совршениот син
„Се надеваме дека Вашиот син ќе може да ни одговори на неколку прашања во врска со едно девојче кое ..
400 ден 500 ден
Ознаки: mominska vecer, ketrin o'konel
