Овој впечатлив дебитантски роман е сместен во волшебниот амбиент на Оксфорд. Тој ја раскажува незаборавната приказна за една амбициозна млада жена, која сака да се докаже пред светот и за еден харизматичен маж, кој ќе ја запознае со љубов што ќе ѝ го промени животот. Совршен избор за љубителите на романите на Џоџо Мојс и на Николас Спаркс.
Американката Ела Дуран уште од својата тринаесетта година е целосно посветена на една единствена цел – да студира на Оксфорд. На дваесет и четири години, конечно ја остварува својата долгогодишна желба, добивајќи ја престижната Родсова стипендија. Но, токму кога пристигнува во Англија, ја ангажираат во претседателската кампања на еден политичар во подем. Се договараат да работи од далечина, а по завршувањето на годината во Оксфорд да се врати во Вашингтон. Ела сака целосно да се препушти на доживувањето, но еден локалец – брз и во зборувањето и во возењето – ќе ѝ ги упропасти и кошулата и првиот ден.
Кога дознава дека истиот локалец ќе ѝ предава англиска книжевност – Џејми Девенпорт, Ела почнува да се сомнева дека Оксфорд нема да биде таков каков што отсекогаш го замислувала. Но, едно доцно дружење открива неочекувана блискост меѓу нив. Она што почнало како авантура, прераснува во нешто подлабоко, сѐ додека Ела не ја открие тајната на Џејми што ќе им го промени животот.
Ненадејно, Ела се наоѓа пред речиси невозможна одлука. Таа мора да избере: дали да се откаже од мажот во кој се вљубува поради своите политички амбиции, или да остане со него и да се соочи со искушенија за кои не е подготвена. Како што се ближи крајот на годината во Оксфорд, Ела се преиспитува дали нејзините долгогодишни соништа се сè уште она што навистина го сака...
Годината на Оксфорд
- Издавачка куќа: Читај книга
- Автор: Џулија Велан
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 138 ден
Слични продукти
Убавина од љубов
Таа го освои срцето на најпосакуваниот плејбој. Но, дали тој сепак може да одолее на најубавите жени..
343 ден 490 ден
Благосостојба
Празничната сезона го обземa Вашингтон, но во Метрополитенската полиција предмет на истрага станува ..
368 ден 490 ден
Љубов меѓу редови
Роуан: Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвез..
392 ден 490 ден
Ознаки: godinata na oksford, djulija velan
