Играта „Што сум јас?“ e интерактивна друштвена игра со ултрамегаспецијални очила и 60 картички што ги предизвикува играчите да поставуваат паметни прашања за да ја погодат тајната карта!

Со табла, жетони за помош и очила, оваа игра нуди радост и смеење како за деца, така и за возрасни, идеална за семејни вечери, дружења и патувања. Поттикнува креативност, логичко размислување и весела конкуренција!

Како се игра „Што сум јас?“

Оваа игра е за 2 играчи. Сетот содржи 60 картички, табла, жетони за помош и очила. Картичките содржат поими од неколку категории: животни, предмети, храна и професии.

Првиот играч влече една картичка од купот и ја закачува на своите очила без да ја види. Тој поставува прашања на кои другиот играч одговара со да или не (на пример: Дали сум животно? Дали живеам на фарма? Дали јадам трева? Дали сум опасно за другите?) Фигурите за играње се Зази и Зина. Зази почнува од портокаловото поле СТАРТ, а Зина од синото поле СТАРТ. Доколку играчот погоди, оди две полиња напред на таблата, доколку не успее да погоди, се враќа едно поле назад.

Победник е тој што прв ќе стигне до Биби или Боби.

Помош: Секој играч има право да искористи два жетони за помош. Доколку играчот бара помош, другиот кажува збор или реченица со најпрепознатливата карактеристика на поимот (на пример: Имаш долг врат, асоцијација за жирафа). Ако погоди со помошта, тогаш играчот оди само едно поле напред.


Играта може да се игра и без таблата, на пример, за време на патувања, вечера или слично и тогаш може да учествуваат повеќе играчи.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Друштвена игра - Што сум јас?

  • Издавачка куќа: Биби
  • Автор: Биби и Боби
  • Достапност: На залиха
  • 690 ден


Слични продукти

Лавицата Леона – кадифена кукла

Запознај ја лавицата Леона – мека кадифена играчка од светот на Биби!Идеална за деца кои сакаат да г..

Автор:

590 ден

Сложувалките на Боби - 6 сложувалки

Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“!Секоја сложувалка прикажува..

Автор:

490 ден

Сложувалките на Биби - 6 сложувалки

Откријте ја забавата и учењето со сетот од 6 сложувалки „Светот на Биби“!Секоја сложувалка прикажува..

Автор:

490 ден

Волшебната Биби

„Волшебната Биби“ е интерактивна звучна играчка на батерии со богат и внимателно избран репертоар за..

Автор:

2.290 ден

Ознаки: drustvena igra, sto sum jas, bibi i bobi, што сум јас