Џоан Гудвин отсекогаш гледала кон ѕвездите. Професорка по физика и астрономија, задоволна со мирниот живот и со улогата на тетка на својата љубопитна внука, таа верува дека го пронашла своето место во светот – сè додека еден оглас не ја поттикне да го следи најголемиот сон – да биде меѓу првите жени научници во програмата на НАСА за вселенски летала.
Џоан, избрана меѓу илјадници кандидати, влегува во свет каде што се сретнуваат храброста, амбицијата и пријателството. Во Центарот „Џонсон“ во Хјустон, таа тренира рамо до рамо со најдобрите: харизматични пилоти, упорни научници и мистериозни инженери, секој со своја тајна и своја цел. Во новото друштво Џоан ќе ја открие не само возбудата на вселената, туку и страста и љубовта што никогаш не ги очекувала. Но, кога доаѓа декември 1984 година и мисијата STS-LR9, еден момент ќе промени сè.
Возбудлив, емотивен и инспиративен – „Атмосфера“ е роман што ја носи магијата на вселената и ја истражува трансформативната сила на љубовта. Приказна за ѕвездите, за храброста и за срцето.
Атмосфера
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Тејлор Џенкинс Рејд
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Лавиринт од чемпреси
Дали тајната што е чувана уште од Втората светска војна може да им наштети на невините или да ги осл..
390 ден 520 ден
Странецот во мојот дом
Што би сториле ако откриете дека детето што го чувате сиот свој живот не е ваше?Алисон е среќна и уж..
338 ден 450 ден
Книгољупци
Едно лето. Двајца соперници. И заплет каков што ниеден од нив не очекува…Сиот живот на Нора Стивенс ..
440 ден 550 ден
Пролетен дожд
Ли Спенсер, млада учителка и самохрана мајка на десетгодишниот Били, е во непријатна ситуација порад..
343 ден 490 ден
Ознаки: atmosfera, tejlor djenkins rejd
