Роуз Баркли е деветгодишно девојче, кое, веројатно, е сведок на убиството на нејзината дадилка и кое, во екот на жестоката бракоразводна битка на своите родители, престанува да зборува. Стела Хадсон е адвокатка за најдобар интерес на детето, чијашто задача е да открие кој во семејството е жртва, а кој убиец. Но, како да ја открие вистината кога сите лажат?
Штом Стела ќе помине низ железната безбедносна порта и ќе зачекори во луксузната, зачувана куќа во стар стил на семејството Баркли во Вашингтон, сфаќа дека случајот е уште поизвртен отколку што претпоставувала, а самото семејство - многу порастроено. И куќата е морничава - се што во неа било направено од стакло, е заменето со пластика.
Додека Стела се доближува до вистините кои Барклиеви очајно се обидуваат да ги скријат, опасноста се овкиткува околу неа како покров, а нејзините минато и сегашност се судираат на неочекуван начин. Секој е осомничен за убиството на дадилката: мајката, таткото, бабата, момчето на дадилката. Дури и Роуз.
Дали личноста што Стела треба да ја заштити... е токму таа од која треба да се заштити?
Куќа од стакло
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Сара Пеканен
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
368 ден
-
- 1 или повеќе 368 ден
Слични продукти
И не остана ниту еден
Осум луѓе, кои меѓу себе не се познаваат и немаат никаква врска еден со друг, се поканети да дојдат ..
285 ден 380 ден
Париската вдовица
Во овој крајно неизвесен трилер на една од најпродаваните авторки на Ју-ес-еј тудеј, Кимберли Бел, п..
390 ден 520 ден
Лавиринт на духовите 1 дел
Барселона 1938 г. Една мартовска вечер по подолго отсуство, Фермин Ромеро де Торес се враќа во Барсе..
338 ден 450 ден
Ознаки: kukja od staklo, sara pekanen
