Двајца рецепционери во хотел – и заколнати ривали – наоѓаат колекција стари бурми и се натпреваруваат кој прв ќе ги врати на нивните сопственици, додека по пат ја откриваат и сопствената љубовна приказна. 


Најфренетичниот период од годината, а хотелот „Форест манор“, буквално, се распаѓа и е на работ на опстанок. Затоа, кога Изи и Лукас добиваат смена заедно на рецепцијата, немаат друг избор, освен да ги остават настрана несогласувањата и да издржат до крај. 


Хотелот нема да опстане по Божиќ без да се случи некакво чудо. Но, кога Изи му враќа изгубена бурма на еден гостин, наградата што ја добива ја убедува управата дека токму тоа може да биде решението за сите нивни проблеми. Со уште четири прстени во одделот за изгубени работи, почнува трката меѓу Изи и Лукас за спасување на нивниот сакан хотел – и нивните работни места. 


Додека нивното жестоко ривалство се претвора во нешто многу покомпликувано, Изи и Лукас почнуваат да се прашуваат дали во оваа борба е во прашање само иднината на хотелот или има нешто повеќе од тоа. Дали ќе успеат да ја преживеат сезоната без да го изгубат сопственото срце?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Повик за будење

  • Издавачка куќа: Арс Ламина
  • Автор: Бет О'Лири
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 392 ден


  • 1 или повеќе 392 ден

Слични продукти

Беспрекорно

Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во нево..

Автор:

416 ден 520 ден

Бунтовен

Велат дека животот е прекрасна лага, а смртта болна вистина. Во право се.Никој никогаш не ме натерал..

Автор:

456 ден 570 ден

Спротивни светови

Забранета љубовна приказна на една извонредна жена која го раѓа сликарот Камиј Писаро – та..

Автор:

413 ден 550 ден

Безобразни писма

Грифин Квин беше момчето од Британија со кое се допишував во детството. Иако бевме тотално различни,..

Автор:

360 ден 450 ден

Ознаки: povik za budenje, bet o'liri