Младиот писател Виктор е очаен затоа што никако не може да ги објави своите раскази и запаѓа во сè поголеми финансиски проблеми. За да се избори со осаменоста, решава да го посвои пингвинот Миша, кого зоолошката градина во Киев повеќе не може да го чува. Тогаш и среќата на Виктор ќе се смени и тој конечно ќе најде работа, но наместо раскази, од еден локален весник ќе добие задача да пишува некролози. Меѓутоа, тој треба да пишува некролози за луѓе што сè уште се живи, па по некое време ќе сфати дека се нашол во опасна стапица на украинското подземје.
Напишан како кафкијански трилер со елементи на црн хумор и социјална сатира, „Смртта и пингвинот“ е најуспешниот роман на Андреј Курков, со кого овој автор стекнува светска слава и добива низа меѓународни признанија.
„’Смртта и пингвинот’ е трагикомично ремек-дело, брилијантна сатира на животот во современите постсоцијалистички општества.“ - Дејли телеграф
Смртта и пингвинот
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Андреј Курков
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
315 ден
-
- 1 или повеќе 315 ден
Слични продукти
Мечка страв
„Овие стихови бараат јазик за неименуваното. Го присилуваат заглушениот молк да проговори. Врескаат ..
175 ден 250 ден
Ознаки: smrtta i pingvinot, andrej kurkov
