„Секогаш имате избор. Запрашајте се дали вреди за тоа што ќе го добиете.“

Навидум едноставна приказна за еден несреќен патологанатом. Северин не го ценат на работа и малку го плаќаа; во личниот живот му се случува нешто неразбирливо, а самодовербата му е на нула. Кога ќе се најде практично на дното, ја прифаќа можноста да заработи.

Предлогот не е сосема легален и тешко може да се очекува нешто добро од пазарот на трансплантација на органи, но примамливата помисла конечно да си го обезбеди животот е посилна од сомнежот. На крајот на краиштата, треба да земе само мала „ситница“ од веќе починати луѓе на кои тоа повеќе не им е ни потребно. Засега од починати. Засега ситница.

Чекор по чекор, одлука по одлука, Северин постепено се менува – од пренебрегнат човек што спасот го бара во алкохолот, за првпат почнува да чувствува самодоверба. А, со неа расте и неговата непринципиелност.

Откако еднаш ќе изврши злосторство, второто и третото доаѓаат многу полесно… Тоа што до вчера го сметал за недопустливо, станува негова нова норма.

Дали е способен да запре? И колку далеку може да оди човек што еднаш ја преминал границата?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Танци со коски

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Андриј Семјанкив
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 440 ден


  • 1 или повеќе 440 ден

Слични продукти

Диссомнии

"Диссомнии" е сижејно комплексен роман со исклучително непредвидлив тек на раскажаните настани. Дејс..

Автор:

252 ден 360 ден

Речиси нормално семејство

"Речиси нормално семејство" е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одг..

Автор:

400 ден 500 ден

Дебитант

„Дебитант“ е совршен, смртоносен отров, кој не остава траги. Неговиот создател, хемичарот Калит..

Автор:

263 ден 350 ден

Лилјакот

Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.Прва средба со нескротл..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: tanci so koski, andrij semjankiv