Април, 1906 година. Разорувачки земјотрес го тресе Сан Франциско токму пред изгрејсонце исплукувајќи го пеколот на површината на земјата. Многу животи згаснуваат, но некои се раѓаат од пепелта засекогаш променети.

Софи Вејлен, млада ирска имигрантка, е очајна да се спаси од мачниот живот во Њујорк, па одговара на огласот за невеста во весникот и се согласува да се омажи со маж што не го познава. Вдовецот Мартин Хокинг е занесно згоден и има неверојатни очи, но е воздржан и многу често патува по работа. Петгодишната ќеркичка на Мартин, Кет, веднаш ѝ го освојува срцето на Софи, но чудното однесување на новиот сопруг ѝ разгорува сомнеж дека нешто не е како што треба во нејзиниот нов живот.

Животите им се менуваат една ранопролетна вечер кога непозната личност им се појавува на врата. Судбините им се испреплетуваат вечерта пред ужасниот земјотрес впуштајќи ги на опасно патување на кое ќе ги откријат својата сила и сознанието дека љубовта умее да го победи стравот.

„Кревки нешта“ е емотивна приказна за силата на мајчината љубов, женската солидарност и пријателствата.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кревки нешта

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Сузан Мајснер
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 440 ден


  • 1 или повеќе 440 ден

Слични продукти

Изгубената ќерка

Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни ..

Автор:

392 ден 490 ден

Очи од сребро, очи од злато

Ен Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалшт..

Автор:

392 ден 490 ден

На работ

Што би направил кога копнежот те турка до работ?Истражувачката новинарка Кетрин Кет Мартин го запозн..

Автор:

392 ден 490 ден

Без каење

Морган има родено дете претерано млада. Заради тоа дете, се има омажено со првото момче од средно шк..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: krevki nesta, suzan majsner