Сите, вклучително и самата Вајолет Соренгејл, очекуваа таа да загине во текот на првата година во воениот колеџ „Басгијат“. Но, Вршидбата беше одвај првиот невозможно тежок тест, чија цел беше да ги истреби страшливците, недостојните, родените без к’смет.
Дури сега, во втората година, почнува вистинската обука и Вајолет се прашува како ќе успее да преживее. Обуката не само што е истоштувачка и сурова, туку е смислена за да ја растегне способноста на јавачот да издржи болка над сите граници. А, и личната мисија на новиот заменик-заповедник е да ѝ покаже на Вајолет колку е беспомошна – освен ако не го предаде мажот што го љуби.
Иако телото на Вајолет е послабо и покревко од другите, таа поседува исклучителен ум и челична волја. А, водството ја заборава најважната лекција на која ја научи „Басгијат“: јавачите на змејови создаваат свои правила.
Но, одлучноста да преживее нема да биде доволна оваа година, бидејќи Вајолет ја знае тајната што кралството со векови ја крие во срцето на „Басгијат“ – и можеби ништо, дури ниту змејскиот оган, нема да успее да ги спаси.
Слични продукти
Писма до загубената љубов
Кога Џес Моран случајно влегува во домот на Стела Торн воопшто не се ни надева каква љубовна сторија..
450 ден
Море од спомени
Кога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината ..
490 ден
Остани со мене
Кога прочуената авторка на библиски студии Џеневив Вудворд добива анонимно писмо за минатото на свои..
550 ден
Разговори во четири очи
Ана и Хенрик се во брак дванаесет години и имаат три деца кога нивната врска почнува да се распаѓа. ..
250 ден
Ознаки: zelezen plamen, rebeka jaros

