Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, описи на личности, како и белешки и огледи за јазикот, книжевноста, уметноста и за многу други феномени што го сочинуваат животот.
Сите овие (псевдо) фрагментарни елементи издадени под симболичниот наслов Андриќ ги собира и ги обработува во текот на целиот живот, така што тие претставуваат своевиден патопис-животопис, еден вид духовен дневник со сопствено поимање на просторот и времето, пред сè во поглед на внатрешната организација на делото. Додека, пак, онаа праволиниската, световна хронологија, почнува со дваесеттите години на минатиот век, а завршува со неговото упокојување во 1975 година.
„Крајпатни знаци“ недвојбено може да се поима како биографска енциклопедија на/за Иво Андриќ, која благодарение на неговиот извонредно едноставен и лесно восприемлив стил, на читателот понепосредно му ја открива суштината и на неговите лични погледи и на неговото книжевно творештво.
Крајпатни знаци
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Иво Андриќ
- Достапност: На залиха
- 700 ден
-
525 ден
-
- 1 или повеќе 525 ден
Слични продукти
Како да станеш фриленс артист
Дали ја имате пронајдено својата страст – работата што повеќе ја доживувате како уживање отколку как..
315 ден 450 ден
Хармоникашот
Мемоарите на светски познатиот лидер Исак К. Адижес.Ова е книга која зборува за гледањето на секој п..
455 ден 650 ден
Писма до Отла
Оваа книга содржи повеќе од сто писма од интимната преписка помеѓу Франц Кафка и неговата најмлада с..
385 ден 550 ден
Ознаки: krajpatni znaci, ivo andrikj
