#1 УБИСТВАТА ВО ОРЕ
Непосредно пред почетокот на скијачката сезона во Оре, на еден од ски-лифтовите е пронајдено мртво тело: смрзнато како камен, со усните истенчени од студ. Многу нешта укажуваат дека се работи за убиство.
Инспекторот Даниел Линдског дома има новороденче и нервозна и исплашена партнерка. Полицајката Хана Аландер долетува во Оре откако е присилена да замине од работното место во градската полиција на Стокхолм, ист ден кога момчето со кое одамна е во врска ѝ раскинува. Двајцата набргу длабоко се внесуваат во истрагата.
„Скриено во снегот“ е првата книга од драматичната серија романи од авторката Вивека Стен, чие дејство се случува на прекрасните шведски планини. Стен ја слика величествената природа преплетувајќи ја со силни описи на ликовите, со што создава напната мистерија за убиства која едноставно го маѓепсува читателот.
Се подготвува снежна бура, температурите вртоглаво паѓаат, сè повеќе животи се во опасност. Уште колку жртви ќе има пред да излезе вистината на виделина?
Скриено во снегот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Вивека Стен
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Зло под Сонцето
Херкул Поаро се наоѓа на одмор во еден повлечен луксузен хотел во Девон, на југот на Англија. Сè што..
304 ден 380 ден
Не пукај Истанбул
Колку пати овој град пукал во сите нас…Некој конечно го бара познатиот истанбулски детектив Ремзи Ун..
375 ден 500 ден
Ознаки: skrieno vo snegot, viveka sten
