На Моли Мегинли ѝ е веќе прекуглава од Лондон и се упатува во Мери-ле-Мурс, скромното гратче на северот од земјата, за да ги преседи божиќните празници кај нејзиниот татко. Таткото Џек сè уште тагува поради загубата на сопругата пред десет години, но задржува позитивен поглед кон животот. За да ја оттргне Моли од летаргијата, инсистира да дојде со него на секојдневните тури на подвижната градска библиотека.
Кога еден постар човек по име Клиф почнува да доаѓа во библиотеката за да се стопли и да има друштво, Џек и Моли му нудат чај и внимание… А, потоа почнуваат да ги привлекуваат изгубените и осамени жители на Мери-ле-Мурс, кои секој ден се собираат во библиотеката каде што зборуваат за книгите, за животот и за љубовта. Секој од нив трага по нешто, а Џек и Моли точно знаат како да му го најдат тоа во библиотеката.
Така почнуваат да се создаваат пријателства, но и посилни врски, а наближува и Божиќ… Со тоа и еден темен облак на хоризонтот. Библиотеката запаѓа под закана, а со неа и штотуку создадените кревки пријателства.
Но, најпосле, ова е Божиќ, а магијата – исто како и љубовта – може да се најде на најневеројатни места.
Малата божиќна библиотека
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Дејвид М. Барнет
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Безнадежно
Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Прик..
360 ден 450 ден
Доказ за љубов
По убиството на една тинејџерка, истражувачката новинарка Теса Новак забележува како мистериозен маж..
320 ден 400 ден
Љубов пред Божиќ
„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”По тешки..
360 ден 450 ден
Ознаки: malata bozikjna biblioteka, dejvid barnet
