Зад перипетиите од животната приказна на генијалниот јунак во книгата, надарениот и безумен руски шахист Александар Иванович Лужин, на читателот постепено му се открива постојаната и најважна тема од творештвото на Набоков развојот и повторувањето на тајните петна во човечката судбина.
Шаховската одбрана што тој ја разработува полека станува алегорија за одбрана од самиот живот во кој неговата трауматизирана болна свест проѕира нечии злонамерни дејствија, слични на шаховските потези. Во настаните од сопствениот живот Лужин ги гледа последиците од кобните влијанија на својот невидлив противник судбината, и, откако нема да успее да ги одгатне нејзините скриени шеми, го избира единственото можно решение излегување од играта…
„Одбраната на Лужин“ е третиот роман од т.н. руски период на Владимир Набоков со кој овој автор изгради силно литературно име и кој го смести во првите редови на писателите од руската емиграција.
Одбраната на Лужин
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Владимир Набоков
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Психопорно
„Психопорно“ е збирка од кратки раскази, целосно напишани во динамичен дијалог.Како што кажува и сам..
300 ден 400 ден
Кандид и Задиг
Најзначајните литературни дела на еден од најголемите духови на европската и на светската цивилизави..
245 ден 350 ден
Сексуална теорија
Како се развил половиот нагон на човекот? Кога и како дошло до сексуални изопачености? Каква е перве..
210 ден 300 ден
Ознаки: odbranata na luzin, vladimir nabokov
