Ако со јазикот луѓето ги прикриваат своите мисли, целта на гестовите е да ги откријат. Кога не сте сигурни дали му се допаѓате некому, обрнете внимание на говорот на неговото тело – тој честопати зборува погласно од зборовите.


Овој фасцинантен Речник на говорот на телото е практичен водич за брзо читање на луѓето според нивните изрази и гестови, кој може да ви послужи во сите околности, од деловните средини до романтичните врски.


Како поранешен агент на ФБИ и признат експерт за невербална комуникација, Џо Наваро го збогатува својот бестселер Што кажува секое тело откривајќи ни над 400 основни показатели за говорот на телото и стотици дополнителни однесувања. Движејќи се од главата кон стапалата, Наваро ги објаснува скриените значења на многуте свесни и потсвесни работи што ги правиме со нашите тела и нè учи:


- да откриеме нечии чувства според движењето и ширењето на зениците

- дали соговорникот се плаши или лаже според она што го прави со усните

- што значат различни начини на поставување и вкрстување на рацете или на нозете и стапалата

- што открива положбата на нашите палци кога стоиме...


Со овие сознанијата ќе можете да ги читате вистинските намери на луѓето, но и да пренесувате пораки преку своето тело. Преполна со практични примери од богатата кариера на Наваро, оваа брилијантна книга ви дава нова перспектива за светот и за односите со луѓето. Искористете ги нејзините совети за да изградите самоуверен, успешен и среќен живот во кој можете да уживате. 

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Речник на говорот на телото

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Џо Наваро
  • Достапност: На залиха
  • 420 ден
  • 336 ден


  • 1 или повеќе 336 ден

Слични продукти

Разговори со бога 1

Замислете да можете на Бога да му ги поставите најмистериозните прашања и претпоставете дека Бог ви ..

Автор:

320 ден 400 ден

Денот – твој пријател

Секој ден нуди изобилство од можности – тие да се препознаат и да се забележат значи вистински да се..

Автор:

210 ден 300 ден

Умешност на лутината

Повик за сопствена револуција „Умешност на лутината“ нè води на мало патување во лутината... Ова чув..

Автор:

280 ден 350 ден

Мудар родител – време е за училиште

Во четвртата книга од серијалот "Мудар родител", Хедвиг Монтгомери ќе ги води родителите и старатели..

Автор:

488 ден 650 ден

Ознаки: recnik na govorot na teloto, navaro