Годината е 1939. Светот е на работ на Армагедон. Во Советскиот Сојуз, во годините на револуцијата, стравот и прогонот ја оставаат земјата неподготвена да се соочи со нападот од нацистичка Германија. За претстојните битки, Сталин ги полага своите надежи во челичното чудовиште од 30 тони, познато на неговите пронаоѓачи како тенк Т-34, а како „Црвениот ковчег” за оние луѓе кои наскоро ќе го употребуваат.
Но, дизајнот сѐ уште не е завршен. И кога полковникот Нагорски, таинствениот и ексцентричен архитект на оружјето, е пронајден убиен, Сталин го повикува Пекала, неговиот најдоверлив истражител. Сталин е убеден дека злокобната група што се нарекува себеси Белиот Еснаф, група составена од поранешни војници на царот, има намера да предизвика германска инвазија пред Црвениот ковчег да биде готов.
Додека советските инженери се борат да го завршат дизајнот на тенкот, Пекала мора да го пронајде Белиот Еснаф и да ги разоткрие нивните планови за втурнување на Германија и Русија во конфликт...
Црвениот ковчег
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Сем Истланд
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Брачниот портрет
Книга за волшебната млада војвотка Лукреција де Медичи. Зима, 1561 год. Лукреција, војвотката на Фер..
392 ден 490 ден
Долга реса крај морето
Приказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се..
338 ден 450 ден
Како да го запреш времето
Том Хазард штотуку се врати во Лондон, за да се вдоми и стане наставник по историја во основно учили..
368 ден 490 ден
Куќата покрај фјордот
Кога Ана Харвик пристигнува во Норвешка во 1946 година, земјата сѐ уште закрепнува по петте сурови г..
390 ден 520 ден
Ознаки: crveniot kovceg, sem istland

