Како се решава убиство? Со следење на лекциите од експертот — Агата Кристи! Ирис и Алиса повторно се наоѓаат во центарот на уште една мистерија во Касл Коув, во продолжението на бестселерот на Њујорк тајмс — "Агати", од авторките Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон.
Алиса Огилви и Ирис Адамс станаа главна тема во Касл Коув кога го решија најголемиот случај на есента: смртта на Брук Донован. Агатите заедно го испратија убиецот на Брук зад решетки и оттогаш градот е речиси нормален. Дури и… тивок.
Но, ако Алиса и Ирис знаат нешто, тогаш тоа е дека тишината понекогаш е само затишје пред бура. Вистината е дека исчезнувањето на Брук не беше првата мистерија што го потресе Касл Коув и нема да биде последна. Па така, кога училишната забава во озлогласениот замок на Леви — местото каде што во 1940-тите мистериозно починала филмската звезда Мона Муди — е прекината поради насилен напад, Ирис и Алиса повторно ги изнесуваат своите табли за убиство и се враќаат на работа.
За да ја разберат сегашноста, понекогаш мора да ѕирнеш во минатото. А, ако Агатите сакаат шанса да го решат новиот случај, токму таму ќе треба да почнат да копаат. Само што… откритието можеби и ќе ги убие.
Ноќта за која зборуваа сите
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Кејтлин Глазгов, Лиз Лосон
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Убиство во Ориент Експрес
Планот на Херкул Поаро да престојува неколку дена во Истанбул е нарушен кога добива ненадеен повик и..
304 ден 380 ден
Ми припаѓаш мене
Истрагата на суровите убиства што ја води детективот во Одделот за убиства Фицпатрик ќе го одведе до..
338 ден 450 ден
Писател во сенка
Пред четири години, излажав. Стоев пред полицијата, пријателите и семејството и измислив приказна – ..
322 ден 460 ден
Убиството на Роџер Акројд
Кога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот д..
304 ден 380 ден
Ознаки: nokjta za koja zboruvaa site, kejtlin glazgov, liz loson

